Следува период на стабилно време и пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а веќе попладне облачноста ќе се намалува.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 70км/ч.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 16 степени целзиусови.

Како што појаснуваат од УХМР, следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.Особено топло се очекува во почетокот на следната седмица.

Никола Ивановски

Leave a Reply