По 40 дена боледување, негативен првиот тест на лекарката од Куманово

Сподели со своите пријатели

По над 40 дена боледување лекарката Гордана Николиќ од Куманово го има првиот негативен тест на коронавирусот.

„Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре, напиша Николиќ на нејзиниот фејсбук-профил.

Таа со вирусот се зарази на своето работно место, јавно укажа дека е позитивна, а потоа упати и критика до Фондот и Министерството за здравство поради тоа што беше принудена сама да си го плаќа лекувањето.

„Прв пат негативен брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега. Се радувам како дете. Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе! Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре,“ напиша Николиќ на нејзиниот фејсбук-профил.

Николиќ со коронавирусот се зарази по контакт со првата почината пациентка од Куманово, кај која присуството на вирусот беше потврдено постхумно.

Никола Ивановски

Leave a Reply