Утре ќе се знае дали Куманово оди во карантин

Сподели со своите пријатели

Одлуката по основ на барањето на Општинскиот штаб за заштита и спасување, за 14-дневен карантин на Куманово започнувајќи од вторник, ќе се донесе утре, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак остануваат одредени прашања отворени каков ефект ќе имаа оваа мерка.

– Вчера беше токму за тоа состанокот, на сите досегашни мерки кои се превземени имаше одредени барања од страна на штабот во смисла на запирање на комуникација, но има голем број граѓани од Куманово кои работат во Скопје, 4.000 граѓани кои секојдевно патуваат и се поставува прашањето дали оваа мерка ќе има логика или не, вели Филипче

Меѓу другото барањето за скратување на работното време на маркетите, според министерот ќе создаде дополнителни гужви.

За оваа барање вчера се разговарало на состанокот на штабот и владините претставници, а одлуката ќе се донесе изутрина.

Во 08:30 часот ќе заседава Комисијата за заразни болести од каде треба да пристигне препораката дали за Куманово ќе има препораката за карантин.

Никола Ивановски

Leave a Reply