Ризикот за зараза на министерот за здравство Венко Филипче во Куманово е многу мала, покажала анкетата од епидемиолозите откако вчера присуствуваше на состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
– На анкетата денеска беше утврдено дека ризикот за зараза во Куманово е многу мала заради маската која ја носев јас и колегите таму, но јас одлучив овие денови да работам од дома и да дадам пример за другите дека ова е начин на кој треба да се постапува, рече министерот.
Како што рече министерот, не биле информирани дека членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување биле тестирани за присуство на вирусот.
– Ние немавме информации дека таму на дел од членови во Кризен штаб им бил земен брис и очекувале резултати, да го знаевме тоа поинаку ќе се организиравме, но имајќи предвид дека имаме во регион каде има заболени бевме заштитени. Сакам да кажам дека ова е еден акт со кој покажуваме дека сите сме еднакви и сите мерките треба да ги почитуваме и покрај соодветната заштита со маска овие денови ќе работиме од дома, рече Филипче.
Никола Ивановски