Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски е позитивен на коронавирусот, и е меѓу новите 40 позитивни случаи во градот.
Тој информацијата ја сподели на социјалните мрежи.
– Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца, напиша Димитриевски.
Тој ги замоли граѓаните да ги почитуваат мерките, да избегнуваат блиски контакти, бидејќи здравјето е најважно.
– Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица. Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа, напиша Димитриевски.
Никола Ивановски