Општа болница Куманово останува целосно функционална, соопшти денеска на прес конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
И покрај тоа што дваесетина здравствени работници од повеќе оддели на болницата се заболени од коронавирус, а осумдесет во изолација, направена е целосна реорганизација на болницата.
Денеска во посета на болницата биле државниот секретар во Министерството за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести со цел да се реорганизира работата поради изолираните и заболените.
– Во таа смислам направен е целосен распоред и болницата во Куманово ќе биде целосно функционална. Ако се наметне потреба на растеретување поради поголем број пациенти тие ќе се испраќаат во Скопје. Во текот на денот неколку пати контактираме со директорката на тамошната болница, изјави Филипче.
Никола Ивановски