Заев и Мицкоски во задолжителна самоизолација

Сподели со своите пријатели

Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска ќе бидат во домашна изолација, информираше министерот за здравство Венко Филипче утринава на вонредно обраќање.

Loading...

Како што појасни министерот, еден новинар од телевизиски медиум бил позитивен на Ковид19, а минатата недела имал интервјуа со Мицкоски и Заев.

– Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт од заболениот, во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев со оглед дека синоќа беше заминат за Струмица, ќе биде готов денеска, но и тој по добивање на информацијата е ставен во изолација, изјави Филипче.

Новинарот е во стабилна состојба, во моментот се лекува во болницата „8ми Септември“.

Никола Ивановски

Leave a Reply