Полицискиот час во Куманово денеска од 16 часот

Сподели со своите пријатели

По 56 часа целосен полициски час, Куманово од денеска ќе биде под нови мерки за ограничување на движењето.

Loading...

Од 16 часот попладне до 05 часот наутро, се забранува движење на населението, со исклучок на вработените во полицијата, Армијата, медицинскиот персонал, медиумите, и граѓаните кои поради извршување на работните обврски претходно добиле дозвола за движење од надлежните институции.

Целта на ваквите мерки е да се намали ширењето на коронавирусот, а како што вчера најави министерот Венко Филипче во текот на денешниот ден Владата ќе разгледува нови мерки за ограничување на движењето на населението.

Во однос на останатиот дел од државата, полицискиот час денеска ќе започне во 21 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply