Шест литри дожд во Куманово изминатото деноноќие, од утре стабилно и потопло

Сподели со своите пријатели

Шест литри дожд на метар квадратен изминатото деноноќие паднале на територијата на Куманово, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди попладне. Максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.

Од утре времето ќе биде потопло и стабилно. Работата недела ќе започне со дневен максимум од 15 степени, за да до крајот на седмицата температурата достигне и до 20 степени целзиусови.

На територијата на Македонија, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои доцна попладне ќе престануваат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјата.

Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Од утре следува период на стабилно и потопло време, утре со умерена облачност, а од вторник сончево. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат значително повисоки, додаваат од УХМР.

Никола Ивановски

 

Loading...

Leave a Reply