Кумановци реагираат за рокот во кој се соопшти за полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово преку социјалните мрежи различно реагираа на веста за целосен полициски час за оваа општина кој започнува веќе од вечерва од 21 часот, и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Loading...

Најголемиот дел од кумановци ја поздравуваат одлуката, но негодуваат за краткото време во кое е соопштено дека се воведува ваква ригорозна рестрикција на движењето.

Дел од нив се на работа надвор од градот, а останатите имаат помалку од четири часа да се снабдат со потребните намирници за претстојниот викенд, што во овие моменти веќе создава метежи по маркетите.

Сепак, според министерот за здравство Венко Филипче, секоја мерка на почетокот е некаква форма на организациски предизвик.

– Секоја мерка на почетокот ќе предизвика некаква форма на организациски предизвик, но ова е мислење на Комисијата за заразни болести согласно новата бројка, веќе е запрен градскиот и меѓуградскиот сообраќај и ограничување на движењето каде веќе има идентификувано заболени лица. Голем е ризик за внатрешен пренос помеѓу луѓето кои живеат во самата општина е нешто што донесе до оваа мерка, целосна рестрикција за да се спречи локалната трансмисија, луѓето ќе седат дома и ќе се смири оваа жариште, рече министерот..

Во однос на проблемите за краткиот временски рок во кој истата беше донесена, вели дека кога и да се донесе ќе предизвика одредени проблеми.

– Сметам дека е ова мерка во овој момент согласно последната бројка на нови случаи, резултат кој го дозвнаме во текот на денот и е сосем соодветна.

Иако кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски скоро две недели бара целосен карантин за градот, дури денеска Владата донесе ригорозна одлука за ограничено движење на населението и му остави само четири часа да се снајде како да набави храна за претстојниот викенд.

Loading...

Само за пример, Србија воведува слични мерки од денеска, но за тоа граѓаните беа информирани вчера.

Со оглед на тоа нашата редакција апелира припадниците на Министерството за внатрешни работи вечерва да не бидат ригорозни во спроведувањето на мерките доколку некој се најде на улиците нешто по 21 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply