Засега не е познато дали првата пациентка позитивна на коронавирусот во Куманово, кај која присуството на вирусот беше потврдено посмртно, ги заразила лекарите во болницата.
Како што рече министерот за здравство Венко Филипче, првиот здравствен работник бил позитивен на коронавирус нецели 48 часа по контактот со пациентката, што наведува на заклучок дека вирусот можеби веќе циркулирал.
– Може да имаме сменета епидемиолошка слика и се донесоа дополнителните мерки, уште тогаш со мерките за цела држава и потоцна со запирање на целиот градски и меѓуградски сообраќај, рече минситерот Филипе.
Според министерот, голем е ризикот за внатрешсен пренос меѓу луѓето кои живеат во Куманово што довело до мерката за целосен полициски час за време на викендот, со цел да се смири жариштето.
– Очигледно е дека вирусот веќе во голема форма асимптоматски циркулриал во населението, така да можно е и такво сценарио и можеби ваква мерка за ограничување на контактите ќе помогне, појасни министерот.
Никола Ивановски