Дваесет и три нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие се регистрирани во Куманово, со што вкупната бројка на заразени изнесува 85.
Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1
Никола Ивановски