Пет лица, од кои едно потешко, вчера биле повредени во сообраќајна незгода која се случила околу 15:35 часот на патот Куманово – Скопје, во близина на Романовце.
Како што информираат од кумановската Итна медицинска помош, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е префрлено во Скопје, а четири лица се со полесни повреди и истите биле префрлени на Хирушкото одделение во кумановската болница.
Сообраќајка вчера околу седум часот се случила и на патот Куманово – Крива Паланка во близина на селото Орах.
Поради снег на коловозот и од невнимание се превртело патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, нема жртви, туку само ситни повреди.
Во извлекувањето на автмобилот учествувале четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица во период од 07:30 до 08:00, велат од РЦУК.
Никола Ивановски