„Емпаер стејт билдинг“ во црвено-бела боја и со ротација во чест на здравствените работници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Врвот на Емпаер стејт билдинг, едно од најпознатите обележја на Њујорк, синоќа блескаше црвено-бело со ротирачка сирена во чест на медицинските работници со цел да симболизира брзата помош.

Loading...

Облакодерот во центарот на „Големото јаболко“ дебитираше со симболично светлосно шоу синоќа во девет часот навечер, а ќе се повторува секоја вечер колку што трае пандемијата.

Држави во кои досега нема регистрирани случаи на коронавирус

„Почнувајќи од вечерва преку борбата со Ковид-19, нашите бели светла ќе бидат заменети со бело-црвена сирена во чест и поддршка на херојски медицински професионалци на фронтот“, се наведува во официјалниот профил на зградата на Твитер.

Сепак, за некои, покрај солидарноста, сирената предизвика и вознемиреност кога за прв пат заблескал „под ротација“ опкружена со облаци.

Оваа држава го забрани зборот „коронавирус“, ги апси оние кои носат маски

„Емпаер стејт билдинг нè потсетува дека градот е во вонредна состојба“, напиша Рита Кинг, која исто така го објави видеото на Твитер.

Таа рече дека целосно поддржува такво нешто, но советувала сирена да се замени со пулсирачки срцев ефект што, според нејзино мислење, ќе има смирувачки ефект врз граѓаните.

Loading...

Leave a Reply