Во текот на ноќта се задржа облачно време со врнежи кои на планините беа од снег, а од средината на ноќта снег започнаа и на пониските места на западот и на северот.
Утрово врнежи има во целава земја и речиси насекаде се од снег, а дожд врне само во крајните јужни делови. На повисоките места дува слаб до умерен северен ветер.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег.
На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м 2 , а најмногу врнежи ќе има во јужните делови.
Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од снег и дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 2 степени, а во текот на ноќта истата ќе се спушт на два степени под нулата.
Никола Ивановски