Четириесет и петгодишниот кумановец е втората жртва на коронавирусот од градот Куманово, а со вирусот се заразил од член на семејството кој се вратил од патување од Франција, рече денеска на прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
Мажот од инфективно одделение во Куманово вчера бил пренесен во Болницата „8ми септември“ во Скопје, таму имал влошување на состојбата и доцна вечерта бил прфрлен на Клиниката за инфективни болести каде реанимацијата не успеала.
– Епидемиолошки се поврзува на член на семејството кој бил пред две недели во Франција, има бројни минати болести, изјави министерот Филипче.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Ова е втор смртен случај од коронавирус во Куманово, а вкупно на ниво на државата од Ковид-19 досега се починати девет лица.
Вројот на нови случаи во Куманово последното деноноќие е 23, што е најмногу на ниво на целата држава.
Досега коронавирус е регистриран кај 47 лица од Куманово, исто толку има и Дебар, а на врвот е Скопје со 175 случаи. Во државата досега има 329 заразени со вирусот.
Никола Ивановски