Отворени пунктови за дезинфекција на возила во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три пунктови од денеска ќе вршат дезинфекција на сите возила кои се движат низ кумановските сообраќајници.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски пунктовите се на влезовите во градот, а од утре ќе бидат ставени во функција уште три вакви механизми, кои ги изработија професори од Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Денеска отворивме три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, утре следуваат уште три нови, а до крајот на неделата ќе има на сите влезови во градот. Благодарност до тимот од средно техничко училиште за произведената опрема, вработените во јавните претпријатија и тимовите на МВР за дежурствата на пунктовите. Апелирам до возачите да ги следат напатствијата и хоризонталната сигнализација за да се запази процесот на дезинфекција и да не дојде до оштетување на опремата, вели Димитриевски.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница побара од Министерството за внатрешни работи да обезбеди асистенција на пунктовите.

Никола Ивановски

Leave a Reply