Засега нема карантин за Куманово и Скопје

Сподели со своите пријатели

Бројот на заболени од коронавирусот во Куманово и Скопје секојдневно се зголемува, но надлежните засега не ја разгледуваат можноста овие два града да бидат ставени во целосен карантин по примерот на Дебар и Центар Жупа.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Венко Филипче рече дека пикот на епидемијата се очекува кон крајот на април, а досегашните мерки за рестрикции во движењето се доволни.

– Пикот го очекуваме на крајот на април, тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на бројот на пациенти, но и мерките кои беа воведени во изминатиот период во рестрикции на движење, ограничување на социјални контакти. Тие мерки засега сметаме дека се сосема доволни и дека полицискиот час, ограничувањето на двжење по возразни групи, нивно немешање, е нешто што очекуваме да даде резултат, изјави Филипче.

Министерот изрази надеж дека периодот кој следува нема да донесе експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно како досега и истиот број подоцна да се намалува.

Никола Ивановски

Leave a Reply