Три нови лица од Куманово денеска до 12 часот се регистрирани како новозаболени согласно последното деноноќие, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупниот број на заболени во Куманово сега е 24 лица, од кои едно починато.
За прв пат случај е регистриран и во општината Крива Паланка.
Вкупно во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи. Најмногу има во Скопје 19, еден во Дебар, тројца во Куманово, по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка.
Од досега регистрираните случаи, заболени има во Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.
Вкупната бројка на досега регистрирани случаи е 285.
Во изминатите 24 часа почина седмиот пациент заболен од Ковид 19, истиот е од Дебар и има 79 години.
Излечени се девет пациенти, односно вкупно 12.
– Добрата вест е што од Клиниката за инфективни болести се испишани девет пациенти, осум од Дебар, еден од Скопје. Имаа два последователни негативни теста и се упатени на домашно лекување во добра здравствена состојба. Пациентите кои имаа полесна клиничка слика закрепнуваат, очекуваме и кај други пациенти кои по истиот систем на двојно тестирање ќе бидат испратени дома, рече министерот Филипче.
Во измиантото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени 8 нови пациенти, сега има 47 хоспитализирани, од кои на механичка вентилација се тројца на возарст од 50 до 67 години, и дополнителни девет пациенти на кислородна поддршка.
Никола Ивановски