26 нови случаи на коронавирус изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата.

Loading...

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.

Засега нема податоци од каде се новозаболените лица, но од Министерството за здравство повеќе податоци најавуваат за подоцна.

– Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек, велат оттаму.

Министерството за здравство прави огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известува јавноста и да комуницира со медиумите. Со оглед на зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје,  Министерството за здравство известува дека од утре 31 март, ИЈЗ ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот за што Министерството за здравство веднаш ќе испрати информација до медиумите. 

– Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. Сепак, замолуваме за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговараме. Тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите, се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ни ги достават бараните информации, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Никола Ивановски

Leave a Reply