За време на неговата прва онлајнд проповед, британскиот свештеник доби поголемо внимание од неговите парохијани отколку што очекуваше откако случајно се доближи до запалена свеќа, и го запали својот џемпер.
Владиката на црквата Plymouthu Stephen Beach на крајот на проповедта преку интернет ги повика парохијаните во неделата да размислат за искуството на исчекување во ерата на коронавирусот.
Свештеници во борба против вирусот (ВИДЕО)
„Прекрасно е да застанете до Бога за еден момент и да си го поставите прашањето: Господе Боже, што ни кажуваш? И тогаш, се разбира, да го почекате Неговиот одговор. Точно….”, продолжи проповедникот, одеднаш сфаќајќи дека се добложил премногу близу со левото рамо до пламенот на запалената свеќа што зафати дел од неговиот џемпер.
„О, ох, јас се самозапалив”, извика тој, гаснејќи го пламенот со дување и удирање на џемперот.
Поради пандемијата на коронавирус, видео-проповеди се воведени низ целиот свет и во парохијата во Плимут, обидувајќи се да ги охрабри парохијаните да не се одалечат од религијата и црквата, изјави свештеникот за Ројтерс.
Избегале во планина да се спасат од коронавирусот, завршиле премрзнати и со казна (ВИДЕО)
„Моето семејство е „воодушевено“ од мојата прва видео приказна“, рече Бич. „Особено ги развесели моите најмлади внуци кои прашуваат кога дедо повторно ќе запали“.
Видеото го сподели на Твитер внуката на Бич, која ги насмеа парохијаните и сите други што го погледнаа.
Балканска е мука преголема, за маске упутство нема (ВИДЕО)
Во пораките, многумина напишаа дека не се смееле толку слатко долго време, а некои ветија дека ќе купат нов џемпер за свештеникот.