Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи кои во северните делови преминаа во снег, додека на југот утрово се уште се претежно од дожд.
И во ноќните часови беше ветровито, а и изутринава дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег.
Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.
Во Куманово утринава е регистрирана снежна покривка од три сантиметри, наврнат воден талог од два литри на метар квадратен, и минимална температура од еден степен под нулата.
Во текот на денот во Куманово и околината ќе имаме облачно и студено време. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе изнесува 0 степени.
Ноќта во Куманово ќе донесе врнежи од дожд и минимална вредност на температурата од два степени под нула.
Никола Ивановски

