Хороскоп за понеделник, 23 март

Сподели со своите пријатели

Овен

Loading...

Љубов:

Премногу инсистирате на работи што не наидуваат надобар прием. Партнерот ви овозможува да знаете дека, тој или таа, бара чувство на доверба и безбедност.

Работа:

Размислете внимателно за нечие предупредување, работите што ги правите без нечие одобрување се потенцијален ризик.

Здравје:

Не ги преценувајте вашите лични опции, бидете поумерени.

Бик

Loading...

Љубов:

Вие не успевате да и удоволите на саканата личност, премногу сте горди да ги признавате своите „слаби страни“. Не се расфрлувајте.

Работа:

Вие не верувате во нечија приказна, па затоа ги проверувате информациите што доаѓаат од необични извори или укажуваат на било какви промени.

Здравје:

Потребни ви се забавни активности, како поттик за добро расположение.

Близнаци

Љубов:

Loading...

Треба да му објасните на вашиот партнер што влијае врз вашата ненадејна загриженост или незадоволство. Не ги потиснувајте чувствата.

Работа:

Ако ви е важно да расчистите некое деловно недоразбирање со своите соработници, бидете разумни. Не дозволувајте некој друг да зборува во ваше име.

Здравје:

Важно е да акумулирате позитивна енергија, да се опуштите.

Рак

Љубов:

Во емотивната средба, бидете повнимателни од вообичаеното, не дозволувајте некој да ве испровоцира на лошо однесување.

Loading...

Работа:

Фокусирајте го вниманието на корисни цели. Нема потреба да се споредувате со другите, да покажете дека имате практична духовитост.

Здравје:

Избегнувајте стресни ситуации кога се чувствувате непријатно.

Лав

Љубов:

Loading...

Потребна ви е добра волја и многу трпеливост да се воздржите пред вашата сакана личност. Имате различни ставови.

Работа:

Подобро е да ги завршувате вашите задачи рутински отколку да ги одложувате. Покажете дека имате чувство за практични решенија.

Здравје:

Нема причина да се преценат личните можности.

Loading...

Девица

Љубов:

Непотребно е да инсистирате да се докажете пред саканата личност. Покажете поголема суптилност и нежност во блиската средба.

Работа:

Ако има отежнувачки околности во деловната соработка, немојте упорно да инсистирате на вашите први намери.

Loading...

Здравје:

Дајте се од себе за да ја подобрите вашата концентрација.

Вага

Љубов:

Потребна ви е емоционална дискреција, бидете повнимателни и избегнувајте авантуристички идеи. Сè има своја цена и причинско-последична врска.

Работа:

Loading...

Нема причина да очекувате нови отстапки од лице кое не ги поддржува вашите деловни ставови.

Здравје:

Дозволете си некое омилено поминување на времето, како рецепт за добро расположение.

Скорпија

Љубов:

Loading...

Не дозволувајте кај вас да преовладува сомнежот за вашата сакана личност или нерасположението. Потребна ви е позитивна ориентација.

Работа:

Вие сте во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имавте засега остануваат без задоволувачки одговор.

Здравје:

Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.

Стрелец

Љубов:

Сè што сакате не е дозволено во љубовната врска, но нема ниту причина за лажна скромност. Секогаш избирајте го „најдоброто“ решение.

Работа:

Вие сте во одлична можност да постигнете успешни резултати, не дозволувајте никој од страна да се меша во вашиот деловен концепт.

Здравје:

Дозволете си некое омилено поминување на времето за двајца, како рецепт за добро расположение.

Јарец

Љубов:

Нема потреба да го искушувате лицето со кое сте во љубовна или пријателска врска. Намалете ги вашите критериуми.

Работа:

Некој силно го критикува вашиот стил на изразување. Сепак, „грдиот“ дел од реалноста влијае не само на вас, туку и на вашите соработници.

Loading...

Здравје:

Чувајте ја смиреноста на вашиот дух и „зрното на мудроста“.

Водолија

Љубов:

Обрнете повеќе внимание на личноста која од вас очекува искреност, доверба и емотивна топлина.

Работа:

Некој во вас предизвикува сомнеж, затоа не сакате да зборувате гласно за вашите деловно-финансиски или приватни планови.

Loading...

Здравје:

Емоционалното врзување ја ослободува целата напнатост.

Риби

Љубов:

Нема причина да се однесувате премногу гордо и импулсивно пред саканото лице. Бидете поумерени во вашите барања.

Работа:

Не дозволувајте некој да ви даде големи ветувања. Потребна ви е „тест ситуација“.

Loading...

Здравје:

Посветете го слободното време на рекреација.

Leave a Reply