Димитриевски, Спасовски и Филипче упатија сочувства за починатата кумановка

Сподели со своите пријатели

Сочувство до семејството на првата жртва од коронавирусот во земјава, 57-годишната кумановка, упатија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, министерот за здравство Венко Филипче, како и премиерот Оливер Спасовски.

Loading...

Димитриевски на денешната прес конференција упати сочувство и им посака брзо закрепнување на заболените.

– Согласно информациите кои што ги добивме од Централниот кризен штаб, сакам најпрвин да искажам длабоко сочувство до семејството на веќе починатата наша сограѓанка, а воедно и да посакам успешно лекување на членот на нивното семејство, како и на сограѓанката која што е исто така инфицирана од коронавирусот, рече Димитриевски.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека денеска е трагичен ден за сите нас и изрази надеж дека по овој трагичен случај граѓаните ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата.

– Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи, напиша Филипче на Фејсбук.

Сочувство упати и премиерот Оливер Спасовски.

– Сочувствувам со семејството на починатата, моја сограѓанка од Куманово. Сите мои мисли се сега со нејзиниот син во неговата борба со вирусот. Почитувани граѓани, знаевме дека овој подмолен вирус зема жртви. Ги преземаме сите можни мерки и активности за да го спречиме ширењето, да ги намалиме последиците. Останува и понатаму нашиот, мојот силен апел: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите и учествувајте сите во битката да го запреме вирусот. Да му ги одземеме можностите да се шири. Нема потреба од паника. Бидете трпеливи, храбри и разумни, напиша Спасовски.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply