Педесет и седумгодишна кумановка е прва жртва на коронавирус во земјата, а позитивниот случај регистриран во изминатите 24 часа е нејзиниот син.
Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, случајот е откриен вчеравечер посмртно.
– Се работи за жена од 57 години, во однос на прием и третман, колегите постапиле според протокотл, навремено се земени два теста и двата покажале негативен резултат. И покрај негативните резултати затоа што болеста била типична за коронавирусот била третирана во изолација. Тој период траел изминатата недела во кумановската болница,а брис е повторно земен по смртта вчеравечер и бил позитивен, рече министерот Филипче.
Брисот, како што вели министерот, е земен заради наглото влошување на состојбата затоа што е нетипично за друга болест и ги натерало колегите да се посомневаат и да земат трет бирс.
Со неа бил хоспитализиран нејзиниот син, има 33 години. Вчера настанало влошување на сосстојбата и бил префрлен на Клиниката за инфективни болести каде сега е сместен во стабилна состојба.
Никола Ивановски