9 нови случаи на коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

Регистрирани се 9 нови случаи на коронавирус во земјата.

Loading...

Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот во Македонија изнесува 85, информираат од Министерството за здравство.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера.

Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика.

Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

Никола Ивановски

Leave a Reply