Број за пријава на секое покачување на цените и угостителски објекти кои работат!

Сподели со своите пријатели

Ги повикувам сите граѓани и бизнисмени во моментов да бидат разумни. Во време на криза да бидеме солидарни, да бидеме одговорни, а не да размислуваме на профит. Ги повикувам граѓаните да пријават секој вид на непочитување на владините одлуки“ истакна Бектеши.

Loading...

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски истакна дека согласно член 29 и 30 од Законот за трговија сите трговски субјекти се должни на видно место во трговскиот објект да имаат истакнат телефонски број од Државниот пазарен инспекторат од градот во кој што се наоѓа.

Но во овој момент како што потенцираше директорот Инспекторатот се соочува со недостаток на инспектори кои што ќе одговараат на повиците на граѓаните бидејќи сите се на терен.

„Од понеделник ќе биде во употреба на ниво на цела држава бројот 191. На овој број ќе можат да се јават сите кои што ќе констатираат неправилности кои што се однесуваат на постапувањето на Државниот пазарен инспекторат. Она што сакам да им го кажам на сите трговски објекти е дека налепниците кои што во наредните денови ќе им ги достават инспекторите ќе мора да ги истакнат на видно место“ потенцираше Пауновски.

Директорот на Пазарниот инспекторат информираше дека налепници со бројот на кој граѓаните ќе можат да пријават неправилности ќе бидат доставени и до сите бензински станици низ државата, а угостителските објекти кои во моментов не работат имаат законска должност да ги залепат овие налепници на видно место во објектот откако ќе заврши кризната ситуација во државата, а ќе можат да ги набават бесплатно од канцелариите на Државниот пазарен инспекторат низ државата.

Интегрално соопштение: Влада на РСМ

Leave a Reply