Противуставно е затворање на граничните премини за нашите граѓани, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Како што појасни, тоа го нема направено ниту една земја во регионот и светот, па не може и нашата држава.
Министерот Филипче појасни упати и пораки за поддршка на населението.
– Свесен сум дека оваа ситуација го смени животот, дека луѓето затворени дома се соочени со страв. Стравот е емоција, но не треба да стане ирационален затоа што така е некорисен и штетен, мора да сме свесни дека токму таа изолација и карантин е спасот и начинот да се стави крај на шиењето на инфекцијата. Во оваа битка учествуваме сите ние, а простор за политички поени нема, секој од нас треба да помогне да се надмине оваа светска здравствена криза, рече Филипче.
Никола Ивановски