Бројката на заразени со коронавирусот во земјава се искачи на 35, откако денеска се потврдени четири нови случаи.
Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, сите се од Скопје и нивната, како и состојбата на претходно заболените е стабилна.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром присгнал авион од Брисел. Патниците биле тестирани и задржани во изолација. По добивање на резултатите се покажало дека сите се негативни и се пуштени на задолжителна домашна изолација.
Повеќе информации министерот најави за прес конференцијата во 15 часот.
Никола Ивановски

