Интензивна дезинфекција во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипите на кумановскот јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ интензивно ја спроведуваат дезинфекцијата на јавно-прометните повшрини, паркови, контејнери и редовно ги мијат улиците во приградските населби како и во урбаната средина.

Loading...

Засилената деизнфекција на јавните и приватните установи е дел од препораките кои ги донесе општинскиот кризен штаб кој заседаваше по втор пат за две недели.

Освен, на јавните површини, општинскиот кризен штаб ги повика и станбените домари во координација со секторот за инспекциски надзор од општина Куманово да спроведе дезинфекција на зградите, установите да обезбедат сите услови, што подразбира дезинфекција.

Објектите на градинката веќе извршија редовна и вонредна дезинфекција, се дезинфицираат училиштата, а во нив ќе можат да влегуваат исклучиво овластени лица, назначени од менаџментите на установите.

Старите и немоќните можат да ја користат општинската асистенција за набавка на намирници и лекови.

Loading...

Од штабот повикаа во доследност да се почитуваат  заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Влада на Република Северна Македонија, а повеќе информации во врска со вирусот раѓаните можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/586745251915467/

МИА

Leave a Reply