Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 15.09.2019 до 22.10.2019 во Берово, пријавениот организирал работна градежна група од неколку лица за извршување на градежни работи на приватна куќа во Берово, договарајќи се со сопственик на фирма од село Смојмирово за услуги за испорачување на храна во објектот за лицата од групата, со неделна наплата на услугите.
Но, тој не ја завршил договорената работа и не ги платил услугите кои ги користел, со што го довел во заблуда оштетениот.
Никола Ивановски