Тројца кумановци во втората изборна единица ќе се најдат на листата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.
Станува збор за Бране Петрушевски, актуелен претедател на Општинскиот комитет во Куманово, Кети Димковска и Тихомир Алексовски.
Петрушевски е на третото место на листата, а за останатите засега не е познат редоследот.
Носител на листата во втората изборна единица е Владо Мисајловски, кој своевремено беше министер за транспорт и врски.
Никола Ивановски

