Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време и на истокот со врнежи од дожд на пониските места, а утринава од снег на планините и понекаде на повисоките места.

Loading...

Снег од рано наутро во 4 часот има во Берово и Ѓуриште, а во Крива Паланка врнежите се од дожд и од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на Ѓуриште засилуваше.

Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за слаб дожд, претежно во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Leave a Reply