Општина Куманово ја продлабочува соработката со српската амбасада

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Републик Србија во земјава Душанка Дивјак Томиќ денеска беше во посета на Општина Куманово, каде оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

На средбата се разговарало на повеќе теми, меѓу кои и образовниот процес во општината и можности за унапредување на правата на учениците од српската заедница, односно отворање билингвални паралелки на српски јазик во основните и средни училишта.

–  Воедно во делагацијата имаме претставници и од Министерството за орбазование на Република Србија, посакувам успешна соработка со општината и нашите претставници, кои заедно ќе работат и ќе оформат работно тело кое што ќе работи на анкетирање на учениците за воведување на ваков тип на настава. Ние како општина се залагаме за унапредување на правата на сите етнички заедници во општина Куманово и ќе продолжиме во тој дух да креираме можности за сите и првенствено да градиме едно реално мултикултурно општество, изјави Димитриевски.

Спрската амбасадорка, Дивјак Томиќ, истакна дека секоја средба со Димитриевски е чекор понатмау, а овој пат акцентот бил на образованието.

– Низ разговор разгледавме можности за проширување на соработката во областа на образованието за излегување во пресрет и интересот на српската заедница во Куманово и пошироко за изучување на српскиот јазик на сите нивоа, разгледавме оптимални варијанти. Договирме првин да се направи анализа и анкета во поглед на интересирањето, а она што е многу важно, на делагацијата на Министерството за образование од Србија е дека Република Србија дава големо внимание на оваа област и дека само заедно и низ продлабочување на нашата соработка можеме да излеземе во пресрет на интересите кои постојат, изјави амбасадорката.

Србите во Македонија, како што појасни таа, често се жалат дека немаат доволно простор во училиштата за учење на српскиот јазик, а воедно ја поздрави одлуката што македонската влада одобри учење на српскиот јазик како изборен во образовниот систем.

Никола Ивановски

Leave a Reply