Во текот на ноќта и изутринава времетп беше променливо облачно, во западните делови со локален дожд.
Дуваше умерен, на места засилен ветер од јужен правец, кој во Штип достигнуваше над 60, а во Битола над 50 км/ч.
Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има локален дожд, додека преку денот насекаде ќе биде сончево со умерена облачност.
Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 18 степени.
Во следните денови на подрачјето на Куманово ќе имаме доста променливо време. Веќе утре ќе имаме врнежи од дожд, но температурата ќе биде како денешната, високи 18 степени целзиусови.
Дожд ќе имаме и во среда, а веќе од четврток ќе имаме и минимално помала температура, додека врнежите ќе продолжат до крајот на неделата, освен во петок.

Никола Ивановски