Министерството за култура денеска ги објави проектит кои добија финансиски средства во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области.
Од Куманово рекордер е здружението „Антитеза“ кое за пет проекти ќе добие нешто над еден милион денари.
Потоа следува фестивалот „Денови на комедија“ кој го организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вкупно 700.000 денари, нешто помалку, односно 600.000 денари доби Здружението за наука, уметност, култура и спорт Институт за наука, уметност, култура и спорт „JAZZ фестивал Куманово 2020“.
Интересно е што Центарот за култура за фестивал со минимум 12 претстави ќе добие 700.000 денари, а само за претставата „Договор“ две здруженија имаат на располагање вкупно 450.000 денари.
Вкупно 550.000 денари за неколку проекти ќе добие и здружението „Јехона е Карадукт“.
Во продолжение сите добитници на средства од Куманово на овогодинешниот конкурс.
Споредбено со минатата година, повеќе пари има за „Денови на комедија“, „Џез фестивалот“, како и здруженијата „Антитеза“ и „Јехона е карадукт“.
Област Драмска дејност
Во оваа област се одобрени вкупно 1,1 милиони денари, но интересно е што за една иста претстава пари ќе добијат две различни здруженија. Така претставата „Договор“ ќе добие вкупно 450.000 денари, преку здруженијата „Талиа“ и „Флумато“.
Фатон Ибрахими од Куманово за претставата „Udhetimi (Патување)“ ќе добие 150. 000 денари.
Здружение Креативно артистички центар „Талиа“ од Куманово за претставата „Договор“ од авторот Славомир Мрожек, а во режија на Нехат Мемети ќе добие 200,000 денари.
Актерката Владанка Димковска за претставата „Хеда Габлер“ според Хенрик Ибзен и Патрик Марбер, во режија Ѓорѓи Ризески на располагање ќе има 200.000 денари.
Културно едукативно здружение „Антитеза“ од Куманово за претставата „Зоо приказни“, адаптација според автор Едвард Олби, во режија на Муса Исуфи има одобрени 300.000 денари.
Здружение „Флумато“ за претставата „Договор“ адаптација на текст на авторот Славомир Мрожек, во на режија Мендим Муртези 250.000 денари.
Област – Визуелни уметнисти, архитектура и дизајн
Во оваа област четворица кумановци ќе поделат вкупно 170.000 денари.
Тасим Кадрија од село Слупчане за проектот „Кога сонцето се насмевнува“ ќе добие 60.000 денари.
Тамара Антевска Бајдевска за проектот „Denied“ ќе добие 30.000.
Уметникот Страхил Петровски за проектот „Живот“ – експериментален видео запис има одобрени 50.000 денари.
Гоце Јакимовски Божурски за изложбата „ШкрабАрт“ ќе добие 90.000 денари.
Област – Интердисциплинарни проекти
Културно Едукативно Здружение „Антитеза“ за проектот „Културно Дигитален Проект – Антитеза“ има добиено 250.000 денари.
Област – Литература и издавачка дејност
Во оваа област се одобрени вкупно 910.000 денари од кои здружението „Јехона е Карадукт“ ќе добие рекордни 550.000 денари, а „Антитеза“ 240.000 денари.
ДПТУ „Агорапринт“ ДООЕЛ Куманово за проектот „Udhekryqi“/„Крстопат“ на Рамадан Реџепиима добиено 120.000 денари.
Здружение „Јехона е Карадукт“ за проектот “Pertej heshtjes” од Сељадин Шабани доби 100.000 денари. За проектот “Kulla jone” на Севдали Демири има одвоени 150.000 денари, додека нешто помалку или 100.000 денари за проектот „Aforizma pragmatike” (прагматични афоризми) на Сунај Раими. Најмногу пари оваа здружение ќе добие за проектот TAKIMET POETIKE TE KARADAKUT-2020″(edicioni 28-te) односно 200.000 денари.
Здружението „Антитеза“ за проектот „Rere ne grusht“ (Песок во песница) од Алма Браја ќе добие 120.000 денари, а исто толку и за проектот (Диплома) на Елизабета Гоцкај.
Област – Меѓународна дејност
Во оваа дејност одобрени се вкупно 900.000 денари, претежно за културно-уметнички друштво и нивните настапи во странство.
Здружение КУД „Бајрам Шабани“ за учество на Балканскиот фестивал „Накем“ во Бурса, Турцијаќе добие 180.000 денари.
КУД „Панче Пешев“ за учество на меѓународен фолклорен фестивал во Северен Кипарвкупно 220.000.
Ансамбл на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ за гостување на меѓународен фолклорен фестивал во Франција има одобрени 200.000.
Здружение за младинска едукација „Ед-ри“ од Куманово за ееализација на проектот „Ликовни варијации“ во Скадар, Албанија ќе добие 300.000.
Музејска дејност
Ансамбл на ромски игри и песни Рушит Шакир за „8-ми Април“ ќе добие 100.000 денари.
Здружение „Недела на албанскта култура“ за одбележување на Денот на албанската азбука исто така ќе добие 100.000 денари.
Област – Музичко и музичко-сценска дејност
Во оваа дејност се доделени вкупно 1,74 милиони денари, од кои најмногу за Џез фестивал Куманово 2020.
Здружение за наука, уметност, култура и спорт Институт за наука, уметност, култура и спорт за „Џез фестивалот Куманово 2020“ ќе добие рекордни 600.000.
Здружение на уметници и музичари ХА&ЕМ за Детски фестивал „Флутурат“ (Пеперутки) ќе добие помош од 250.000 денари.
ХЕК ВИЗИОН за „Концерт во срцето на Куманово“ има одобрени 200.000 денари.
Здружение Недела на Албанска култура за настанот „Добродојдовте иселеници“ има добиено 120.000 денари.
Културно едукативно здружение АНТИТЕЗА за настанот „Дуо пијано и виола“ ќе добие 220.000 денари.
КУЗ МРИКА-Куманово за проектот „Музиката спојува генерации“ ќе добие 250.000 денари
Музичарот Боби Серафимовски за проектот „Ambiental world music“ има одобрени 100.000 денари.
Област – Фолклор
КУД „Српски Вез“ за „7ми Меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и игри од Македонија и Србија“ ќе добие 100.000 денари.
КУД „Панче Пешев”за „Организирање на Втор меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2020″ќе добие 400.000 денари.
Фондација за култура и спорт куманово за „XVI меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2020“ има одобрени 200.000 денари.
Никола Ивановски