IGTV на Инстаграм требаше да започне нова ера за користење видеа на социјалните мрежи, сепак, иницијативата на компанијата не беше прифатена како што се очекувало.
Официјален претставник на Фејсбук (сопственикот на Инстаграм) потврди дека Инстаграм ја отстранува иконата IGTV од горниот дел на неговиот главен интерфејс.
„Многу малку луѓе го користат ова копче и наместо тоа, повеќето од нив гледаат видео содржини од нивните главни фидови, преку релевантни Explore канали, користат профили или доделената IGTV апликација“, рече официјален претставник на „Фејсбук“.
Инстаграм во минатото направи бројни отстапки на IGTV, како што е овозможување панорамски вида наместо вертикални клипови, а неодамна и опцијата да се објавува IGTV видео директно од стандардна апликација.
Не е посочено зошто употребата на копчињата за IGTV била лоша. Можеби станува збор за начинот на кој луѓето го користат Инстаграм.
Луѓето обично користат социјални мрежи за да се поврзат со пријателите и да споделуваат делови од нивните дневни настани, што значи дека нема да поминат пет минути на гледање на професионално креирано видео што веќе го имаат на YouTube.
Кога станува збор за креаторите, Инстаграм не нуди опција за монетизирање на овој вид видео содржини, поради што повеќето се одлучуваат за опцијата за создавање на вообичаени пократки видеа на Инстаграм.