„Дедо мраз на мотор“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Манифестацијата „Дедо мраз на мотор“ утре ќе ја донесе новогодишната магија во Куманово.

Loading...

Сите моторџии во 11 часот ќе се соберат на паркингот пред Градскиот базен, по што организирано ќе се уптат кон кумановскиот плоштад во 11:50 часот. Од 12 часот на плоштадот ќе поделат слатки и ќе се дружат со најмалите.

Оваа година за прв пат ќе добијат поддршка од ученици од неколку основни училишта кои ќе имаат свои настапи заедно со нив.

https://www.instagram.com/p/Br7ejvUFHfw/?utm_source=ig_embed

Веќе во 13 часот традиционално сите заедно ќе продефилираат низ градот и ќе се упатат во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост до 18 години каде ќе однесат новогодишни пакетчиња.

Најавено е присуство и на други мото клубови од земјата, а поддршка оваа година пристигнува и од неколку приватни компании од градот.

Leave a Reply