Триесет и двегодишник вчеравечер се обидел да нападне царински службеници, по што бил приведен.
Loading...
На граничниот премин „Табановце“ вчеравечер околу 23:35 часот од слобода бил лишен А.И.(32) од селото Трубарево, скопско, поради тоа што ги омаловажувал и се обидел физички да ги нападне царинските службеници на граничниот премин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.