Google Earth официјално мапираше 98% од светската територија

Сподели со своите пријатели

Гугл ги прави своите производи со мапи значително покорисни и поинформативни со фотографиите, а сега технолошкиот гигант даде подлабок увид во својот процес на креирање мапи.

Loading...

Компанијата посочува дека досега има создадено над 10 милиони милји (околу 16 милиони километри) фотографии за Street View.

Исто така, Google Earth има 36 милиони квадратни милји HD сателитски фотографии кои можат да се пребаруваат, а овие фотографии опфаќаат 98 проценти од вкупното население во светот.

Ова е прв пат Гугл да објави податоци за услугата Мапи, која е еден од најпопуларните производи на компанијата.

Google Earth ги спомена и техниките што се користат за создавање фотографии за мапи. Веќе знаеме дека компанијата користи автомобили за Street View опремени со фотоапарати, кои можат да создаваат фотографии од различни агли додека вози.

За областите каде што не може да се вози, Гугл испраќа луѓе со „Street View Trekker“ ранци.

Компанијата исто така објасни дека се користи техника наречена „фотограметрија“ за да се спојат неколку фотографии. Истата техника се користи за VR искуство на Google (како што се виртуелни турнеи во Версај за корисниците на HTC Vive и Oculus Rift).

Leave a Reply