Во СВР Куманово вчера околу 12:10 часот било пријавено дека по тргнување од Железничка станица Куманово, на стојалиште Превој, непознати лица извршиле каменување на товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје-Југ, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Притоа, била предизвикана материјална штета, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.