93 милиони денари од Владата за АД Водостопанство

Сподели со своите пријатели

Со 93 милиони денари Владата на Република Северна Македонија ќе ги отплати долговите на АД Водостопанство, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при посетата на „Кумановско-липковско поле“.

Loading...

Одлуката веќе минала на владина седница, а целта како што рече Димковски е да се овозможи целосно раздолжување на Водостопанство и негово нормално функционирање.

Од друга страна со директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски министерот разговарал за потребите кои претпријатието ќе ги има во текот на следната година.

– Она што се планира и е следно со АД Водостопанство знаеме дека сега во моментот функционира на една централизирана состојба е делот на овозможување и слобода на самите подржници да бидат во можност да менаџираат со средствата што ги собираат, со самото тоа одржувањето ќе биде многу полесно и затоа од тие причини ние веќе доставивме пред три-четири месеци како министерство листи до сите подружници со што од нив веќе се добиени повратни информации околу тоа се што им е неопходно за следната 2020 година околу резервни делови, градежни материјали и слично каде што би можеле ние преку јавни набавки ги набавиме и дистрибуираме до самите подружници се со цел поефикасно менаџирање, искористување на водата а секако и подобра услуга кон земјоделците, изјави министерот Димковски.

Според директорот Илиевски, ова е една од најсушните години до сега, меѓутоа дотурот на вода до ЈП „Водовод“ се одвива непречено.

–  Инаку само да кажам дека бевме сведоци за една од најсушните сезони оваа година и успеавме целокупниот дотур на вода до јавното претпријатие Водовод Куманово да го спроведеме без пречки исто така имаше и целокупно наводнување на сите површини така што немаме ниту еден приговор стигнато до Водостопанство за неисполнети услови од наша страна, изјави Илиевски.

Како што додаде тој во тек е подготовка на техничка документација за изградба на Слупчанска брана која ќе покрие 1.500 хектари за наводнување, а ќе овозможи и дотур на постоечките капацитети на вода во браните Липково и Глажња.

Инаку, министерот Димковски е во целодневна посета на Куманово при што посети и неколку индустриски објекти, во пресрет на вечерашната седницата на Владата.

Loading...

Leave a Reply