Кои беа најпребаруваните работи на Гугл оваа година?

Сподели со своите пријатели

И оваа година, луѓето од целиот свет претежно се обраќаа кон Гугл кога им беа потребни одговори на разни прашања, а најпопуларниот пребарувач ги објави термините, настаните и луѓето за кои најмногу се интересиравме изминатите 12 месеци.

Loading...

– Историјата покажува дека во време на неизвесност, светот бара херои. Во 2019 година, пребарувањата за херои нагло се зголемија. Оваа година потрагата по херои, суперхерои и секојдневни херои се случуваше низ целиот свет, велат од Гугл.

Објавувањето на годишниот список го следи и видео фокусирано на суперхероите, познати спортисти, хуманисти и настани што ја одбележаа годината што изминува.

Во 2019 година, светот најчесто пребарувал термини во пребарувачот Гугл поврзани со Светското првенство во крикет што се одржа ова лето, особено за натпреварот меѓу Индија и Јужна Африка. Ова не е изненадувачки со оглед на фактот дека крикет е многу популарен спорт во поранешните британски колонии, кои, како Индија и Бангладеш, имаат претежно големо население.

Втор најбарани термин е името на Камерон Бојс, млад американски актер популарен на каналот Дизни, кој беше пронајден мртов во неговиот стан на 6 јули годинава.

Жителите на планетата го гуглале и Американскиот куп и iPhone 11, како и остварувања од малите и големи екрани кои ја одбележаа годината. Тие ги вклучуваат американскиот филм Avengers, филмот Џокер, и најгледаната серија, Game of Thrones.

Покрај спортските вести, светот беше заинтересиран и за вести за катедралата „Нотр Дам“, која скоро целосно изгоре во април, како и ураганот Доријан, што им нанесе голема штета на Бахамите ова лето.

Оваа година, 16-годишната Грета Тунберг, климатски активист од Шведска која многумина ја гледаат како лице на движењето за спас на планетата од климатските промени, е на списокот на најбараните луѓе, рамо до рамо со најпопуларните спортисти и актери.

Loading...

Leave a Reply