ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Видливоста кај Страцин екстремно слаба

Сподели со своите пријатели

Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Попова Шапка село Гајре -Тетово до 30м и кај Страцин (регионален пат Куманово – Крива Паланка) од 50 до 100метри, велат од Автомото Сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност о појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Leave a Reply