Кумановската полиција пронашла хероин кај 27-годишник при што истиот бил приведен и заработи кривична пријава.
СВР Куманово на 03.12.2019 година поднесе кривична пријава против Е.А. (27) од село Арачиново, скопско, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од таму, на 02.12.2019, на локален пат од село Никуштак кон селото Грушино, полициски службеници извршиле претрес на пријавениот и патничко возило „BMW“, со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле хероин.

