СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.О.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Како што појаснуваат од таму на 08.10.2019 на пат кон браната „Глажња“, Липково, полициски службеници, го затекнале пријавениот како со товарно возило „мерцедес“, врши јавен превоз на огревно дрво, без да поседува лиценца за јавен превоз.