Какво време носи новата работна недела?

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше ведро и студено со температури насекаде под нулата.

Во утринските часови насекаде облачноста се зголеми. Во повисоките севроисточни подрачја дуваше слаб до умерен источен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со умерена облачност, и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, според синоптичарите ќе биде времето во текот на денешниот ден.

Попладне облачноста ќе се зголемува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Куманово утринава се разбуди на 4 степени под нулата, а во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимални 7 степени.

Неделна прогноза за Куманово
Извор: Accuweather

Leave a Reply