Популарната анимирана серија „Симпсонови“ би можела да заврши наскоро, откри Дани Елфман, композиторот на познатата музичка нумера од најавната шпица.
Loading...
„Па, од она што го слушнав, се ближи до крајот“, рече тој, пренесува „Индипендент“, додавајќи дека сепак тоа го слушнал и минатата година.
Елман призна дека не очекувал оваа анимирана серија, која означува цели три децении на емитување на 17 декември, да се одржи на малите екрани толку долго.
Тој го нарече успехот на шоуто „едно од навистина големите изненадувања од мојот живот“.
„Симпсонови“, создадени од Мет Гронинг, започнаа да се емитуваат во 1989 година и неодамна ја започна својата 31-та сезона.