Руски снајперист во темница ги погоди сите цели одалечени два километри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И покрај лошите временски услови и целосен мрак, рускиот снајперист ги погоди сите цели што беа поставени пред него на оддалеченост од два километри.

Loading...

Пушката „СВЛК-14“ од рускиот производител „Лобаев“ е наменета да уништи воена опрема и лесна механизација.

Оружјето кое испукува куршуми при екстремно големи брзини се опремени со пасивен нишан за ноќен режим, што му овозможува на снајперистот да види се во мракот, но без да ја осветлува целта.

„Ние сакаме да го поставиме рекордот за најоддалеченото гаѓање без да користиме осветлување, било да е тоа ласер или кој било друг извор на светлина“, рече дизајнерот на пушката Владимир Лобаев за „Раптли“.

Дополнителна компликација на тестот потекнува од „мајка природа“ бидејќи времето се влошило, што дополнително ја нарушувало видливоста.

Според Лобаев, темнината била целосна, ниту Месечината ниту ѕsвездите не биле видливи.

И покрај сето ова, Сергеј Шмаков, снајперст, успеа да испука пет куршуми и сите ја погодија целта на оддалеченост од 1.920 метри.

Рекордот не е официјално запишан, но руската компанија нема да застане тука.

Loading...

Leave a Reply