Колку бебиња се родени во Куманово и општините од регионот во третото тримесечје?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 284 деца биле родени во третото тримесечје од 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Во истиот период починале 233 лица, со што природниот прираст е во позитива и изнесува 51.

Третото тримесечје од годинава носи и 199 нови склучени бракови во градот, а осум парови ставиле крај на својот брачен живот.

Општина Липково и овој пат бележи најголем природен прираст во целиот Североисточен регион, односно 68. Притоа родени биле 101 дете, а починале 33 лица.

Брјот на склучени бракови во Липково изнесува 67, но не е регистриран ниту еден развод.

Во третото тримесечје разводи немало ниту во општина Старо Нагоричане, но имало пет нови бракови. Приордниот прираст сепак е негативен, односно -4.

Во оваа рурална општина во посочениот период се родиле 11 бебиња, а починале 15 лица.

Кога е во прашање природниот прираст од целиот регион најтажна е сликата во Кратово. Се родиле 15, а починале 40 жители, со што природниот прираст е -25.

Loading...

Случени биле 16 бракови, а се бележи и еден развод.

Во Крива Паланка прирастот исто така е негативен во третото тримесечје од годинава. Се родиле 40, а починае 50 лица, односно природен прираст од -10.

Скучени се 45 нови бракови, а нема регистриран ниту еден развод.

Руралната општина Ранковце, има нулта природен прираст, односо се родиле 5 бебиња, а починале исто толку жители.

Биле вклучени три брачни заедници, а никој не се развел.

Во ниту една од општините во Североисточниот регион не е регистрирана смрт кај новороденче.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година на ниво на државата, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.4% и изнесува 5 374 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 2.2 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 701 лице, а од нив 14 се умрени доенчиња.

Loading...

Природниот прираст изнесува 673, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4 302 бракови.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 385 разведени бракови, што претставува зголемување од 12.2 % во споредба со истиот период од 2018 година.

Leave a Reply